Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Јанчев: Дали планирате да воведете институција „родител-негувател“ за децата со попреченост?

Пратеникот на Левица, Сашко Јанчев, на собраниска седница постави пратеничко прашање до Министерството за социјална политика, демографија и млади, барајќи одговор дали се размислува за воведување на „Институт родител негувател“ во македонскиот систем за заштита на децата со попреченост.

Јанчев истакна дека родителите на деца со попреченост се принудени да избираат меѓу работа и грижа за своето дете, бидејќи голем дел од овие деца имаат потреба од 24-часовна нега и постојана посветеност. „Станува збор за луѓе кои се работоспособни, дел од нив се со високо образование, имале кариери и работни места, но поради состојбата на своите деца биле принудени да ги напуштат“, рече Јанчев.

Тој нагласи дека децата со попреченост имаат различни и специфични потреби кои не можат да се сведат на унифициран систем на грижа, па токму родителите се тие кои најдобро можат да одговорат на нивните потреби. Како решение, Јанчев го посочи моделот „родител негувател“, според кој родителот би добивал месечен надомест од државата за грижата што ја обезбедува за своето дете.

„Така државата најсоодветно ја исполнува својата законска обврска за заштита на децата со попреченост, а воедно се решава и егзистенцијалниот проблем на родителите“, истакна тој.

Пратеникот направи споредба со постојниот систем на лична асистенција, оценувајќи дека тој е недоволен. Според него, законски предвидените 80 часа месечно лична асистенција покриваат само мал дел од реалните потреби на децата кои бараат континуирана грижа.

„Во месецот има 720 часа. Остануваат повеќе од 640 часа кои повторно паѓаат на товар на родителот“, посочи Јанчев, и додаде дека чест проблем е и тоа што децата не секогаш прифаќаат лични асистенти, како и можноста асистентот да се откаже, што создава дополнителен товар за семејствата.

Јанчев посочи дека сличен модел веќе се применува во соседна Србија, најпрво на локално, а сега и на законско ниво, и побара бидејќи нема претставник од Министерството писмено да му биде одговорено дали и во Македонија се планира воведување на ваков институт.

„Никој не може да биде подобар личен асистент за дете со попреченост од неговиот родител“, порача пратеникот од Левица, Сашко Јанчев.

Можеби ќе ве интересира

Благ раст на довербата во институциите и задоволството од работата на Собранието

ДЕСК

Битиќи: 11 милијарди евра нов долг, ја туркате државата во провалија со задолжувањето

ДЕСК

Мицкоски: И во јунскиот извештај ќе бидеме пред фронтранерите за реформската агенда, а како влада нема да дозволиме дополнителни буџети за правосудството со резултати кои не враќаат назад

ДЕСК