Centar.mk
stab, shtab
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Министерката за финансии прво повикува на средба, а потоа бега

Соопштение на СДСМ:

Министерката за финансии најпрвин нè повика на средба „убаво да ги објасниме работите“.

СДСМ веднаш одговори позитивно и ја прифати поканата.

Вчера пратениците ја повикаа во Собранието. Неа ја нема.

Прво повикува, а потоа бега.

Бега затоа што јасно баравме средбата да биде јавна, пред камери, пред граѓаните.

Да ни објасни како за две години ја задолжија државата со нови 2,5 милијарди евра, како долгот стигна до 11,3 милијарди и зошто бара нови кредити за нови тендери.

Ја нема.

Зошто? Затоа што не може да објасни.

Како и секогаш кај ВМРО – сè е лага и пропаганда.

Кога треба да одговараат со факти и бројки, тие бегаат или создаваат нов дефокус.

Граѓаните заслужуваат вистина, а не алиби и театар.

Одговорност, реформи – Европа сега.

Можеби ќе ве интересира

Смени и освежување во ВМРО ДПМНЕ: Избрани 30 нови претседатели на општински комитети, познати се имињата

ДЕСК

Нова ера за македонското здравство: Три клинички болници и здравствен комплекс вреден 1,5 милијарди евра

ДЕСК

Покачување на 50 отсто на пензиите ако дојде СДСМ на власт – најави Тренчевска

ДЕСК