Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Одлична можност за младите, објавен е Конкурс за запишување студенти/питомци на Воената академија

Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје го објави Конкурсот за запишување студенти/питомци за потребите на Министерството за одбрана и на Армијата на Република Северна Македонија и студенти за потребите за управување со кризи и заштита и спасување на прв циклус студии во учебната 2026/2027 година.

Министерството за одбрана упатува повик до сите млади лица кои сакаат своето образование и работна кариера да ја продолжат како идни офицери во рамки на македонската Армија и ги исполнуваат критериумите согласно објавениот Конкурсот да ја искористат можноста и да се пријават.

На Конкурсот може да се пријавуваат кандидати кои се македонски државјани, со завршено четиригодишно средно образование, да не се постари од 21 година (на денот на пријавување и поднесување документи) и да се психофизички способни (утврдува военолекарска комисија).

Подетални информации може да пронајдете на веб страницата на Воената академија на следниов линк:

https://ma.edu.mk/announcements-competitions/260527-konkurs-za-zapishuvane-studentipitomci-za-potrebite-na

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Како не знаеле кој е Мацура, добро знаеле, Алта банка е дел од политичките концесии кон Вучиќ

ДЕСК

Стојаноски: Вештачката интелигенција и дигитализацијата ќе ги унапредат јавните набавки и ќе ги намалат ризиците од корупција

ДЕСК

Сиљановска-Давкова од Парискиот мировен форум: Европа не може да биде целосна без стабилен и демократски Западен Балкан

ДЕСК