Centar.mk
фото Град Скопје
ЛОКАЛНО

МАТУРСКА ПРОСЛАВА ПОЛНА СО ЕМОЦИИ: Штитениците од „11 Октомври“ започнуваат ново животно поглавје

Денес, во исклучително емотивна и свечена атмосфера, заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски, градоначалникот на Град Скопје,Орце Ѓорѓиевски и градоначалникот на Општина Центар,Горан Герасимовски, присуствуваше на одбележувањето на матурската и полуматурската прослава на штитениците од ЈУ Детски дом за деца без родители и родителска грижа „11 Октомври“.

По тој повод, беа испратени честитки и пораки за поддршка до четворицата матуранти и една полуматурантка, кои денес затвораат едно важно животно поглавје и започнуваат ново.

„Матурата претставува симбол на растење, вложен труд, надеж и нови почетоци. Денешниот ден е доказ дека со љубов, грижа и вистинска поддршка, секое дете може да ја изгради својата иднина, да сонува големо и да верува во себе“, беше истакнато на настанот.

Во обраќањето беше нагласено дека секое дете заслужува да расте во средина исполнета со љубов, сигурност и поддршка, а посебна благодарност и почит им беше изразена на воспитувачите, негувателите и сите вработени кои низ годините биле потпора и второ семејство на децата.

На матурантите и полуматурантката им беше порачано да бидат горди на својот пат, на сите предизвици што ги надминале и на успесите што ги очекуваат во иднина.

Воедно беше потенцирано дека грижата за децата не завршува со еден настан или честитка, туку продолжува преку конкретна поддршка, посветеност и заедничка заложба за подобра иднина за секое дете.

На крајот од настанот, беа упатени искрени честитки по повод матурирањето и полуматурирањето, со желби за многу успех, среќа и исполнети соништа во животот.

фото Град Скопје

Можеби ќе ве интересира

Скопје се гради, но прашањето е: За кого?

ДЕСК

Одбележан патрониот празник на ООУ „Браќа Миладиновци“ во општина Илинден

ДЕСК

Парите се веќе на сметките: Оваа општина исплати по 2.500 денари за секое прваче

ДЕСК