Centar.mk
КУЛТУРА

ЕКСКЛУЗИВНО: „Танец“ и „Ладо“ со заеднички концерти под отворено небо во Битола и Скопје

СКОПЈЕ/БИТОЛА- Македонскиот национален ансамбл за народни игри и песни „Танец“ и Хрватскиот национален ансамбл „Ладо“, двата столба на балканскиот и светскиот фолклорен мелос, најавуваат незаборавно културно доживување за домашната публика. Под магичниот наслов „Една ноќ под ѕвездите“, овие два реномирани ансамбли ќе одржат два ексклузивни заеднички концерти кои ветуваат врвно уметничко доживување, спојувајќи ги традицијата, моќниот вокал и безвременската игра на двете земји.

Спектаклот ќе се одржи на две локации:
• 8 Јули- Антички локалитет Хераклеја, Битола
• 10 Јули- Национална опера и балет (НОБ), Скопје.
Ритамот на Македонија и срцето на Хрватска

Повеќе од седум децении „Танец“ и „Ладо“, важат за чувари на идентитетот и амбасадори на културното богатство на своите земји. Овие концерти не се само обичен настап, туку дијалог меѓу македонскиот незапирлив ритам и моќните хрватски повеќегласни напеви и кореографии. Врвните играчи и музичари, облечени во автентични, колоритни народни носии, ќе понудат програма која го одзема здивот и ги спојува двете култури во една нераскинлива врска.

„’Една ноќ под ѕвездите‘ е повеќе од концерт – тоа е славење на пријателството, заедничкото минато и уметноста која не познава граници. Сцените во Битола и Скопје ќе го зафатат најубавиот бран на фолклорната енергија на Балканот“.

Зошто не смеете да го пропуштите овој настан?
Уникатен спој: Ретка можност да се видат двата најголеми професионални ансамбл на една сцена.
Амбиент: Локациите се специјално избрани да понудат неповторлива летна атмосфера- под отворено небо и ѕвезди во Битола-Хераклеја и прекрасниот амбиент на магичната сцена на Националната опера и балет-Скопје.
Културно наследство: Концерт во кој секој чекор и секој тон носат вековна приказна.
Бидете дел од нас, билетите се веќе во продажба на kupikarta.com

Можеби ќе ве интересира

Белградски овации за Дина Јашари и „Растенија без корен“

ДЕСК

„Мисли на македонски, читај домашно“ завршува со голема донација: Книги од „Матица“ за сите одлични ученици во битолската гимназија „Јосип Броз – Тито“

ДЕСК

Близу осумдесет ученици на средба со Стојан Тарапуза во „Матица“: книжарницата како простор за поезија, прашања и радост од читањето

ДЕСК