Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Честитка на Филипче за Курбан Бајрам: Силата е во хуманоста и подготвеноста заеднички да ги надминеме предизвиците

Честитка на Лидерот на СДСМ, Венко Филипче за Курбан Бајрам:

„На сите верници од исламска вероисповед им го честитам денешниот голем празник Курбан Бајрам.

Курбан Бајрам е симбол на човечноста, пожртвуваноста и грижа за сите. Овој голем празник нè потсетува дека вистинските вредности се во солидарноста, подадената рака и подготвеноста секому да се помогне.

Во духот на празникот, да покажеме разбирање, почит и повеќе грижа едни за други. Да не заборавиме дека силата на едно општество се мери токму преку тоа колку сме обединети, хумани и подготвени заеднички да ги надминуваме предизвиците.

Нека празничните денови донесат духовен мир, здравје, радост и благосостојба во секој дом.

Нека е честит и благословен Курбан Бајрам!“, стои во честитката на претседтаелот на СДСМ, Венко Филипче.

Можеби ќе ве интересира

ИЛЈАДНИЦИ АМАНДМАНИ ГО ЗАКОЧИЈА ЗАКОНОТ – Жестока битка за јавните набавки во Собранието

ДЕСК

Петрушевски: Дали обвинителството ќе го повика Филипче да одговара за ширење паника и сериозни обвинувања за Алта банка?

ДЕСК

Мицкоски: Знаеле кој е Мацура, документите потврдуваат- Владата на СДСМ носи одлука за деловен однос со Алта Банка

ДЕСК