Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Презентирана анализа за јавното мислење за работата на Собранието

Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, замениците на генералната секретарка, Бобан Стојановски и Никола Ѓошевски, учествуваа на презентацијата на анализата на јавното мислење „Поглед на Собрание: перцепциите на граѓаните за работата на Собранието на Република Северна Македонија (2026)“ спроведена од Институт за демократија „Социета Цивилис“.

На презентацијата учествуваа и амбасадорот на Амбасадата на Швајцарската Конфедерација, Кристоф Зомер, директорот на Националниот демократски институт за меѓународни прашања, Роберт Скот Хајзлет, и претседателот на Институт за демократија „Социета Цивилис“, Марко Трошановски.

Потпретседателот Милошоски ја истакна важноста на перцепцијата на граѓаните за работата на Собранието и на пратениците, истакнувајќи дека довербата во институциите се гради преку транспарентност и постојана комуникација со јавноста. Тој посочи дека организирањето јавни дебати, јавни расправи и посети на граѓани во Собранието придонесува институцијата да биде поблиску до граѓаните и поотворена за нивните ставови и потреби. Воедно, Милошоски истакна дека значајна улога има и медиумската покриеност на овие активности, со цел јавноста навремено и објективно да биде информирана за работата на законодавниот дом.

Амбасадорот Зомер, посочи дека јавното мислење е многу битно, бидејќи тоа покажува како ефикасно да им се одговара на прашањата и барањата на граѓаните.

Анализата за јавното мислење за работата на Собранието ќе биде презентирана пред сите пратеници и пратенички групи во Собрание.
Анализата е подготвена од Институт за демократија „Социетас Цивилис“, во рамките на Програмата за парламентарна поддршка, проект на Владата на Швајцарската Конфедерација, под покровителство на Собранието на Република Северна Македонија. Анализата опфаќа теренска анкета за перцепциите на граѓаните за работа на Собранието за важни прашања како што се: членството во ЕУ, економските прашања и прашањата поврзани со владеењето на правото, транспарентноста на институциите, социјалната благосостојба.

фото Собрание

Можеби ќе ве интересира

НЕВРЕМЕ И ТЕМНИ ОБЛАЦИ НАД МАКЕДОНИЈА ВО НАЈАВА: Детална четиридневна прогноза

ДЕСК

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЛУЧАЈ ВО СКОПЈЕ: Дете паднало и било влечено по улица откако било фатено за рака од лице на мотор

ДЕСК

РАСПРАВИЈА ПРЕРАСНАЛА ВО ТЕПАЧКА: Полицијата расчистува случај на тепачка меѓу жена и девојка на Бит Пазар

ДЕСК