Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Филипче: Мисијата на Кирил и Методиј има непроценлива улога, нашата е да го чуваме македонскиот јазик и да обезбедиме европска иднина

Фејсбук статус на Венко Филипче, претседател на СДСМ:

„Денеска го одбележуваме 24 Мај – Денот на сесловенските просветители, Светите браќа Кирил и Методиј, основоположниците на словенската писменост и духовност.

Мисијата на браќата Кирил и Методиј има непроценлива улога во промовирањето на стремежот за еднаквост на народите и рамноправност на јазиците, но и во создавањето на македонската писменост. Горди сме што нивното просветителско и духовно наследство е длабоко поврзано со нашата татковина, со Охрид како еден од најзначајните центри на словенската писменост.

Со создавањето на глаголицата, а потоа и преку продолжувањето на нивната мисија од страна на нивните следбеници, меѓу кои и Свети Климент Охридски, е создадена кирилицата, која е основа за стандардизација на македонскиот јазик и писмо.

Денес кога се шират измислени и лажни закани за македонскиот јазик и идентитет, важно е да потсетиме дека никој не може да го загрози она што е меѓународно потврдено. Благодарение на државничките одлуки на СДСМ, македонскиот јазик е признат и рамнправен во Европската Унија. Македонскиот идентитет е потврден. Тоа се факти кои не може да ги избрише ниту една дневнополитичка манипулација.

Светите Кирил и Методиј нè учеа дека напредокот доаѓа преку знаење, просветителство и отвореност кон светот. Токму затоа нашата обврска денес е да го чуваме и унапредуваме македонскиот јазик, но и да обезбедиме европска иднина за младите генерации.

Нека е честит и вековит 24 Мај – Денот на сесловенските просветители, Светите браќа Кирил и Методиј!“

Можеби ќе ве интересира

По декади запуштеност се чисти Железничката станица во Скопје

ДЕСК

Спасовски од Рим со честитка за 24 Мај: Делото на Кирил и Методиј е наша трајна обврска

ДЕСК

Гаши од Ватикан со порака за 24 Мај: Кирил и Методиј остануваат темел на писменоста и културата

ДЕСК