Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

УХМР издаде метео предупредување: Скопје под закана од попладневно невреме

Денес и утре на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град.

Во Скопје, денес и утре во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.