Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Гимназијата „Никола Карев“ се прости од загинатите Адам, Марко и Петар

Марко Ѓорѓиевски, Петар Миланов, Адам Велков и неговиот татко, оперскиот баритон Ристе Велков, се четирите жртви во стравичната сообраќајна несреќа што ноќеска се случи на скопската обиколница кај клучката Мирковци.

Животите на Марко, Петар и Адам згаснаа на само 20 години, додека Ристе Велков загина на 51-годишна возраст. Од младите момчиња се простија и од гимназијата „Никола Карев“, каде тие пред две години матурирале завршувајќи го средното образование.

„Со огромна тага и неверување ја примивме веста за сообраќајната несреќа во која ги загубивме нашите поранешни ученици, Марко, Петар и Адам, матуранти во генерацијата 2020-2024 година, момчиња познати по насмевките, шармот и другарувањата со сите. Срцето на Карев денес плаче. Нашите деца, кои до пред некоја година чекореа по ходниците, седеа во училишните клупи и сонуваа за иднината….тешко е да се поверува дека нивните животи згаснаа прерано. Изразуваме најискрено и длабоко сочувство до семејствата и најблиските. Нека почиваат во мир“, објавија од СУГС „Никола Карев“.

Можеби ќе ве интересира

Левица: Пропадна и вториот тендер за ветените автобуси на Орце – голготата на скопјани продолжува

ДЕСК

УХМР издаде метео предупредување: Скопје под закана од попладневно невреме

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Лагите на Филипче и СДС повторно демантирани, Македонија доби најмногу европски средства во регионот

ДЕСК