Centar.mk
КУЛТУРА

Дина Јашари ја слави годишнината на „Растенија без корен“ со регионална турнеја

На 22 мај Дина настапува во Кино Шишка во Љубљана — еден од водечките центри за урбана култура во регионот, како дел од јубилејот на NightShifts Events Ljubljana, организација која работи на промоција и размена на македонско-словенечката култура Два дена подоцна, на 24 мај, е дел од програмата на SOWL Weekender во Подгорица, нов регионален фестивал за музика и природа во своето прво издание на кој ќе настапи и култниот ну-џез состав Kyoto Jazz Massive .

Централниот настап на турнејата е на 25 мај во Белград — точно една година откако „Растенија без корен” беше објавен. На платото пред Музејот на Југославија, Дина го отвора 9. издание на манифестацијата „Leto u MuzeYU”, заедно со Љубичице (Србија) и Немечек (Хрватска) — тројца добитници на наградата „Милан Младеновиќ”, која Дина ја освои уште во 2022 со песната „Дома”. Влезот е слободен.

Во јуни турнејата продолжува на островот Крк (Хрватска), каде Дина е дел од изведувачите на SURF Festival — нов јадрански фестивал во своето прво издание, со интернационален програм и атмосфера далеку од масовните фестивали.

„Растенија без корен” е деби-албум составен од девет песни, интимен и жанровски музички дневник на Дина Јашари. Снимен на различни локации во текот на три години, со различни соработници, албумот го одбележа регионалниот музички портал Rockomotiva со место во топ 5 регионални албуми за 2025 година. Уште пред тоа, Дина ја освои наградата „Милан Младеновиќ” за 2022 со песната „Дома” — регионалното признание во чест на легендарниот фронтмен на Екатарина Велика. Албумот постои како винил издание и е достапен на сите дигитални платформи.

Можеби ќе ве интересира

Промоција на „Чија си“ – авторизираната биографија на Славе Димитров од Максим Ристески

ДЕСК

Александар Видиновски: „На местото на настанот“ потсетува дека најтешките битки не се водат на фронтовите, туку во време на мир

ДЕСК

Промоција на книгата „На местото на настанот“ од новинарот Александар Видиновски вечерва во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“

ДЕСК