Centar.mk
фото УЈП
БИЗНИС

УЈП: Ефикасни институции и конзистентни одлуки за поголема сигурност и доверба

Делегација од Управата за јавни приходи вчера оствари работна средба со претседателот на Управниот суд, Бурим Сејдини и заменик претседателката Марта Телегравчиска, при што се потпиша Меморандум за дигитално поврзување преку ЕПУС платформата.

Со оваа соработка значително ќе се олесни и унапреди меѓусебната комуникација во управните спорови против даночните управни акти на Управата за јавни приходи.

Состанокот помина во конструктивна атмосфера и отворена дискусија за суштински прашања од заеднички интерес, при што заеднички беше истакнато дека правната сигурност на граѓаните и компаниите и заштитата на интересите на државата претставува најважен темел за довербата во институциите и за ефикасно функционирање на правниот систем.

Притоа беше нагласено и дека правната сигурност подразбира и конзистентност во одлуките и постапувањето на јавните органи и судовите, бидејќи предвидливоста и еднаквата примена на правото се клучни за довербата во институциите.

Дигитализацијата, ефикасноста и институционалната соработка остануваат наш заеднички приоритет.

фото УЈП

Можеби ќе ве интересира

ДОАЃААТ ПАРИ ЗА ЛИЦАТА КОИ ПРИМААТ СОЦИЈАЛНА ПОМОШ: Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

ДЕСК

Телеком влегува во партнерство со Министерството за дигитална трансформација и Британскиот совет за „Училишта на 21 век“

ДЕСК

Објавена листа со имиња на фирми и луѓе: Кој колку должи за данок кон државата?

ДЕСК