Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Врв на лицемерие и лажење: Во Влада на Мицкоски со бугарски пасоши може, а малцинства во Уставот не може!

Соопштение на СДСМ:

Граѓаните добија уште едно јавно и многу јасно признание од организираната криминална група ВМРО – дека Владата на Мицкоски е полна со луѓе кои имаат бугарски пасоши.

ВМРО-ОКГ и Мицкоски одбија да го прифатат предлог-законот на СДСМ со кој премиерот, вицепремиерите, министрите и членовите на Владата не би можеле да имаат двојни државјанства.

Зошто го одбија? Затоа што пола Влада веднаш ќе требаше да си замине.

Може во Влада на Мицкоски со бугарски пасоши ама малцинства во Уставот – тоа не може.

Ова е врв на лицемерие и лажење на граѓаните.

Со години ширеа хистерија, страв и лажен патриотизам. Ги лажеа граѓаните дека некој им го загрозува македонскиот идентитет, додека тие тивко си обезбедувале европски документи за себе и за своите семејства.

Вицепремиери, министри, пратеници, градоначалници, директори – цела мрежа на функционери на ВМРО-организираната криминална група со бугарски пасоши.

Додека Македонија намерно ја држат во изолација и создаваат конфликти со соседите, за себе одамна си ја обезбедиле европската иднина.

Одбивањето да се прифати предлог-законот на СДСМ целосно ја разобличува нивната лицемерна политика.

Признаа дека Преспанскиот договор е ремек-дело на дипломатијата.

Признаа дека со Преспанскиот договор се заштитени македонскиот јазик, култура и национален идентитет.
Признаа дека НАТО е феноменална работа, дека ја гарантира безбедноста на државата и придонесува за подобра бизнис-клима.

И сега дојде време за уште едно признание – дека Владата на Мицкоски е полна со луѓе со бугарски пасоши.

Овие луѓе повеќе никого не можат да излажат. Прочитани се.

Сега нека признаат и дека со години водеа лажна пропаганда само за да дојдат на власт и да ја блокираат европската иднина на Македонија.

ВМРО-ОКГ е единица мерка за лага, лицемерие и политичка измама.

Но, граѓаните веќе ја знаат вистината.

Можеби ќе ве интересира

СРЕЌНА ВЕСТ: ДОАЃААТ ДВА ПРОДОЛЖЕНИ ВИКЕНДИ ДО КРАЈОТ НА МЕСЕЦОВ – Еве уште колку неработни денови преостанаа

ДЕСК

Малолетник крадел по џамии

ДЕСК

Божиновска: Декарбонизацијата-конкретен патоказ и дел од нашите обврски кон ЕУ

ДЕСК