Соопштение на СДСМ:
Како што месеци наназад предупредувавме дека Вучиќ управува со Македонија, сега ВМРО директно организира граѓани на Македонија за контра-митинг во Белград во поддршка на Александар Вучиќ.
На плакатот што го шират низ Македонија јасно се гледа: собирање и поаѓање на митингот пред српскиот конзулат во Куманово, со цел да се поддржи Вучиќ.
Ова е срамно мешање во внатрешните работи на друга држава.
Ова е токму она што Европскиот парламент го нарекува „српски свет“ – директно влијание и мешање на Србија во Македонија.
Македонија е под постојан притисок и влијание на српските и руските служби.
Вицепремиерот Иван Стоилковиќ, најблискиот соработник на Мицкоски, учествува во ова организирање по договор со Милош Вучевиќ од пред неколку дена.
Ова не е случајност. Ова е дел од истата мрежа: Орбан – Вучиќ – Мицкоски.
Додека ВМРО се претставува како „промакедонска“ партија, со бугарски пасоши, нејзините функционери организираат граѓани на Македонија да одат да го поддржуваат Вучиќ и „српскиот свет“.
Доста е со туѓите интереси на македонска почва.
Граѓаните јасно гледаат: ВМРО не работи за Македонија – работи за туѓи центри на моќ.
Реформи сега.
Европа сега.


