Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Мицкоски и Филков намерно не ги испраќаат документите за Груевски – сценариото за бегството на полскиот министер од Будимпешта

Соопштение на СДСМ:

Додека новиот унгарски премиер Петер Маѓар открива нови детали за бегството на полскиот министер, кој имаше заштита од Орбан и преку Србија избегал во САД, во Македонија, Мицкоски и Филков со месец молчат за Никола Груевски.

Прашањето е едноставно:
Дали Мицкоски и Филков намерно не ги испраќаат документите за екстрадиција за да му овозможат на Груевски да ја избегне правдата, а самите да не се соочат со своите партиски колеги кои го поддржуваат поранешниот претседател на ВМРО?

Мицкоски не го сака враќањето на Груевски затоа што тогаш би можел повторно да ја преземе партијата.

Тој веќе ги отстрани сите потпретседатели, а од општинските организации направи свои лични фан-клубови.

Филков, пак, со ова се обидува да го задржи министерското место, бидејќи веќе е одреден за смена во реконструкцијата на владата.

Ова не е случајност. Ова е свесна заштита на Груевски, најголемиот симбол на криминалот и корупцијата во Македонија.

Додека Мицкоски и Филков играат игри, граѓаните чекаат одговор: Дали документите за екстрадиција на Груевски се испратени или не?

Нема повеќе одлагања. Нема повеќе заштита на бегалците. Испратете ги документите за Груевски веднаш!

Вистината излегува на виделина.

Доаѓа времето на правдата и одговорноста.

Можеби ќе ве интересира

ОДЛУКАТА СЕ БАРА ВО ВЕНЕЦИЈА – Владата побара меѓународно мислење за правосудниот испит

ДЕСК

СТУДЕНТСКИОТ ОБРОК ПРЕД СУД – Се бара усогласување на 140-те денари со инфлацијата

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Банкротирањето на Еуростандард банка во време на СДС е класичен пример дека СДС и Филипче сакаат банки да пропаѓаат, граѓаните да останат без своите пари, а државата ништо да не направи

ДЕСК