Centar.mk
фото скриншот/видео на МВР
МАКЕДОНИЈА

Акција на СВР Велес: 24-годишник лишен од слобода по кражба од оператор

На 18.05.2026 во 11:40 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода лице (24) од Велес. Тој се сомничи дека од базна станица на телекомуникациски оператор во Велес извршил кривично дело „тешка кражба“.

Дел од одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот. И.В бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.