Најмалку две лица се убиени, а четворица се повредени во пукање во јужниот шпански град Ел Ехидо во текот на ноќта, соопшти полицијата во вторник, додавајќи дека е уапсен еден осомничен.
Двете лица кои загинаа се роднини на осомничениот за пукањето, изјави портпарол на полицијата на Цивилната гарда, без да даде дополнителни детали.
Двајца од повредените се под 18 години, објави весникот „Ел Паис“./Извор:Makfax


