Соопштение на ДУИ:
Секојдневната неделна кампања со закани, терор и притисок врз обвинителството од страна на Моќникот со приватен авион Антонио Милошевски, е скандалозно и севернокорејско.
Милошевски, познат по паролите “мртов шиптар, добар шиптар”, “Гасни комори за Албанците”, нарачки на пресуди, истраги, претреси, лустрации, и кој што се спаси со измените на Кривичниот Законик, нема морален, политички ниту правен кредибилитет да зборува за правда.
ДУИ веќе ја информирa сета домашна и меѓународна јавност, амбасади и организации, за овој досега невиден политички притисок вез правосудството.
Наместо да се одважат, издигнат, и да прифатат правни одлуки, глумат обвинители од Тему, иако го немаат ниту прочитано извештајот на ДЗР ниту одлуката на Обвинителството.
ДЗР нема ниту една експертиза за вештачење, но ВМРО упорно ја лаже јавностa. Напротив, Обвинителството има добиено посебни вештачења и за квалитетот и за штетата.
Го повикуваме Јавниот Обвинител, Здружението на Јавни Обвинители, Советот на Јавни Обвинители, Судството, фелата, САД и ЕУ, медиумите, да го осудат овој брутален и неприфатлив терор врз правдата.


