Centar.mk
СВЕТ

СЗО: Досега потврдени шест случаи на хантавирус, уште два се веројатни

Потврдени се шест случаи на хантавирус од осум сомнителни случаи пријавени по избивањето на заразата на крузерот „MV Hondius“ во Атлантскиот Океан, објави Светската здравствена организација (СЗО).

„До 8 мај вкупно се пријавени осум случаи, вклучувајќи три смртни случаи (стапка на смртност од 38 проценти). Шест случаи се лабораториски потврдени како инфекција со хантавирус, а сите се идентификувани како последица на вирусот Анда, за кој се знае дека се пренесува меѓу луѓето“, се наведува во соопштението на СЗО.

Се додава и дека преостанатите два случаи се сметаат за „веројатни“.

СЗО напоменува дека четири пациенти моментално се хоспитализирани. Еден е на интензивна нега во Јоханесбург во Јужноафриканската Република, двајца се во различни болници во Холандија и еден во Цирих во Швајцарија.

Лицето кое се лекува во болница во Диселдорф во Германија е негативно на тестот и „затоа повеќе не се смета за случај“.

Крузерот „MV Hondius“, кој патувал од Аргентина кон Зеленортските Острови, е во центарот на меѓународното внимание откако СЗО објави дека тројца патници починале и дека постои сомнеж дека биле заразени со хантавирус./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ТРИ ДРЖАВИ ЈА ЗАСИЛУВААТ ТЕХНОЛОШКАТА СОРАБОТКА: Индија, Канада и Австралија разговараа за нови проекти

ДЕСК

ДИПЛОМАТСКИ СУДИР НА Г20: Откажана заедничката фотографија поради рускиот министер

ДЕСК

АМЕРИКАНСКА ВОЕНА ЗДЕЛКА ОД 2,1 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ: Украина ќе добие можност за нови ракети „Патриот“

ДЕСК