Centar.mk
СВЕТ

Трамп скептичен за новиот ирански мировен предлог: „Не платиле доволно висока цена“

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека ќе го разгледа новиот мировен предлог на Иран, но порача дека е скептичен оти Техеран сè уште не „платил доволно висока цена“.

Според иранските агенции, Техеран преку Пакистан испратил до САД предлог од 14 точки, кој вклучува повлекување на американските сили од регионот, укинување на санкциите, ослободување на замрзнат ирански имот и нов механизам за контрола на Хормушкиот теснец.

Трамп најави дека нова воена акција против Иран останува можна доколку, како што рече, Техеран „се однесува лошо“.

Во меѓувреме, Вашингтон предупреди дека компаниите што ќе плаќаат на Иран за безбеден премин низ Oрмускиот теснец може да се соочат со санкции./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

НОВА ТРАГЕДИЈА ВО ЈЕМЕН – Десетици загинати во воздушни напади во близина на Сана

ДЕСК

КРВАВ НАПАД ВО ПОЛСКА – Шестмина загинати и 15 повредени во пукање во Краков

ДЕСК

ИЗБОРНА ДРАМА ВО НОВ ЗЕЛАНД – Власта и опозицијата во тесна трка, помалите партии можат да одлучуваат

ДЕСК