Centar.mk
СВЕТ

Трамп воведе нови санкции против Куба, Хавана возврати: Нема да нѐ заплашите

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која се прошируваат санкциите против кубанската влада, со цел да се зголеми притисокот врз Хавана.

Новите мерки се насочени кон лица и компании поврзани со безбедносниот апарат на кубанската влада, како и кон оние обвинети за корупција и сериозни прекршувања на човековите права. Санкциите може да опфатат и странски субјекти што работат во клучни сектори на кубанската економија.

Кубанскиот министер за надворешни работи Бруно Родригез ги отфрли мерките, оценувајќи дека станува збор за „еднострани мерки“ што претставуваат колективна казна за кубанскиот народ.

„САД немаат право да воведуваат мерки против Куба или трети земји. Нема да нѐ заплашат“, порача Родригез.

Вашингтон со години бара Куба да го отвори државното стопанство, да исплати обештетување за одземени имоти и да организира слободни избори, барања што Хавана ги отфрла./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

НОВА ТРАГЕДИЈА ВО ЈЕМЕН – Десетици загинати во воздушни напади во близина на Сана

ДЕСК

КРВАВ НАПАД ВО ПОЛСКА – Шестмина загинати и 15 повредени во пукање во Краков

ДЕСК

ИЗБОРНА ДРАМА ВО НОВ ЗЕЛАНД – Власта и опозицијата во тесна трка, помалите партии можат да одлучуваат

ДЕСК