Centar.mk
СВЕТ

Руси хакирале профили на Сигнал на германски политичари

Руски хакери манипулирале со профилите на германските политичари на комуникациската платформа Сигнал, објавија денеска германските медиуми.

Нападнати се профилите на министерката за семејство Карин Приен и министерката за градежништво Верена Хуберц, како и претседателката на Бундестагот, Џули Клокнер. Тие биле членови на различни „чет групи“ во кои бил и канцеларот Фридрих Мерц и другите членови на владата.

Како што наведуваат германските медиуми, хакерите немале директен пристап во нив.

Безбедносната служба на германската влада на корисниците им препорача да не ги користат постоечките „чет групи“.

Во 2015 година руските тајни служби продреа во ИТ системот на Бундестагот и украдоа бројни документи и податоци, вклучително и листи со електронски адреси.

Непрофитната организација „Сигнал техонолоџи комуникејшн“ (Signal Technology Communications) соопшти дека кибернападите не се резултат на „грешки во безбедносната структура“ на платформата Сигнал./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

НОВИ ПРОТЕСТИ ПОРАДИ ВИСОКИТЕ ТРОШОЦИ ЗА ЖИВОТ – Незадоволството се шири низ Европа

ДЕСК

РУСКИОТ ВЕСНИК „НОВАЈА ГАЗЕТА“ НАЈАВИ ЗАТВОРАЊЕ – Уредништвото зборува за притисоци

ДЕСК

ШПАНИЈА ПРЕД НОВИ ТЕШКИ ПРАШАЊА – Меѓу жртвите и повредените може да има државјани на 27 земји

ДЕСК