Centar.mk
СВЕТ

Макрон до Трамп: Европа може да се брани сама

Францускиот претседател Емануел Макрон испрати јасна порака до Доналд Трамп дека Европа има капацитет самостојно да се брани, повикувајќи се на неодамнешната воена поддршка за Кипар како доказ дека европските механизми функционираат и без директна улога на САД.

Во изјава дадена за време на неговата посета на Грција, Макрон нагласи дека клаузулата за заемна помош од договорите на Европска Унија не е формалност, туку реален безбедносен инструмент кој веќе бил активиран.

Тој ја посочи интервенцијата на неколку европски држави кои испратиле воена помош на Кипар по нападот со беспилотно летало врз британска воздухопловна база на 28 февруари, оценувајќи го тој потег како доказ дека европската одбрана може да функционира и без директна поддршка од НАТО./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

НОВИ ПРОТЕСТИ ПОРАДИ ВИСОКИТЕ ТРОШОЦИ ЗА ЖИВОТ – Незадоволството се шири низ Европа

ДЕСК

РУСКИОТ ВЕСНИК „НОВАЈА ГАЗЕТА“ НАЈАВИ ЗАТВОРАЊЕ – Уредништвото зборува за притисоци

ДЕСК

ШПАНИЈА ПРЕД НОВИ ТЕШКИ ПРАШАЊА – Меѓу жртвите и повредените може да има државјани на 27 земји

ДЕСК