Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

17 возачи лишени од слобода за безобѕирно управување возила – еден предизвика сообраќајна незгода

Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на целата држава, полициските службеници лишиле од слобода 17 возачи за безобѕирно управување со моторни возила.

Од нив, девет возачи управувале возило без возачка дозвола (шест од Скопје, по еден од Гевгелија, Прилеп и Кичево), тројца возачи (двајца од Скопје и еден од Кичево) управувале под дејство на алкохол, еден возач од Делчево управувал моторцикал без возачка дозвола, додека двајца од Скопје управувале возила со активна забрана за управување. Дополнително, двајца возачи од Скопје возеле без регистарски ознаки и без возачка дозвола.

Возач од Скопје, кај кого бил утврден алкохол, предизвикал сообраќајна незгода, при што изгубил контрола и удрил во канделабра.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Да не управуваат возило без возачка дозвола, под дејство на алкохол или додека им е изречена забрана за управување. Само со одговорно однесување може да се придонесе за побезбеден сообраќај и заштита на сите учесници во него.

Можеби ќе ве интересира

ПРВО УКРАЛ ТРОТИНЕТ, ПА САМИОТ ПОВИКАЛ ПОЛИЦИЈА – 18-годишник пријавил дека бил нападнат по кражбата

ДЕСК

ИНЦИДЕНТ ВО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ ВО АЕРОДРОМ – Малолетник нападнат со тврд предмет од соученик, мајката пријавила во полиција

ДЕСК

НАПАД КОН ПОЗНАТ БИЗНИСМЕН И ЗАКАНИ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД ВО СКОПЈЕ – 61-годишен маж нападнал друг маж и ѝ се заканувал на неговата адвокатка

ДЕСК