Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Филипче: Никола Груевски избега ама јас ви кажувам дека овие сега нема да избегаат

Никола Груевски, можеби избега, ама јас кажувам дека овие сега нема да избегаат, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче во интервју во емисијата „Трилинг“. Филипче нагласи дека секој што сторил злоупотреби мора да сноси одговорност, и додаде дека сегашнот систем на власта не обезбедува правда поради силното политичко влијание. Тој нагласи дека не смее да има селективна правда и дека граѓаните не можат да очекуваат правичен систем во услови кога институциите се под контрола на власта.

„Никола Груевски, можеби избега, ама јас ви кажувам дека овие сега нема да избегаат. Секој треба да понесе одговорност за се што правел. Ама не може овој систем, како што вака го контролира премиерот, било кој граѓанин да очекува, правда и неселективност“, рече Филипче.

Тој додаде дека политиките што сега ги води премиерот Мицкоски, се идентични на оние од времето на Никола Груевски.

„Сите се сеќавате на тефтерчето од времето на Груевски. Ист е системот. Тие судии и обвинители се поставуваат сега на позиција.Прашавте што е разликата помеѓу ВМРО на Груевски и ВМРО на Мицкоски, нема разлика, иста организирана криминална група. Луѓе кои што го зграпчија државниот буџет, излажаа дека ќе се борат за националните интереси, дека ќе го вратат името, дека ќе ја подобрат преговарачката рамка, дека ќе го поништат договорот за добрососедство со Бугарија, а што направија буквално ништо.Го зграбија буџетот и го користат само за да ги пљачкаат народните пари преку тендери на свои компании блиски до ВМРО ДПМНЕ“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +