Centar.mk
СВЕТ

Трамп планира да го покани Путин на самитот на Г20 во Мајами

САД планираат да го поканат рускиот претседател Владимир Путин на самитот на Г20 што треба да се одржи во декември во Мајами, објави Вашингтон пост.

Администрацијата на Доналд Трамп соопшти дека Русија, како членка на Г20, ќе биде поканета на состаноците, иако формална покана сè уште не е испратена.

Руски официјални претставници вчера изјавија дека Владимир Путин бил повикан на самитот во Мајами, но дека сè уште не е јасно дали ќе учествува.

„Русија учествуваше на секој самит на соодветно ниво“, им изјави на новинарите портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, додавајќи дека „одлуката за форматот на нашето учество ќе биде донесена како што ќе се приближува самитот“./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

НОВА ТРАГЕДИЈА ВО ЈЕМЕН – Десетици загинати во воздушни напади во близина на Сана

ДЕСК

КРВАВ НАПАД ВО ПОЛСКА – Шестмина загинати и 15 повредени во пукање во Краков

ДЕСК

ИЗБОРНА ДРАМА ВО НОВ ЗЕЛАНД – Власта и опозицијата во тесна трка, помалите партии можат да одлучуваат

ДЕСК