Centar.mk
фото илустрација
МАКЕДОНИЈА

Полицијата фати автомобил товарен со огревно дрво – при акцијата имало и пукање

На 23.04.2026 во 15:00 часот полициски службеници од ОВР Македонски Брод на место викано „Барбарас“ во Македонски Брод го лишија од слобода маж(68) од с.Дебреште, општина Дебреште.

При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници забележале возило „рено” со скопски регистарски ознаки, кое го управувал мажот, а во кое имало бесправно пресечена дрвна маса.

На даден знак да запре, возачот не ги почитувал дадените наредби и почнал со поголема брзина да се приближува до службеното возило на полициските службеници, при што еден полициски службеник со службеното оружје пукал во воздух. Осомничениот е приведен во ПС Македонски Брод и по документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

Можеби ќе ве интересира

ЗУЛУМ ВРЗ СЕДУМДЕСЕТГОДИШНИК: Четворица осомничени за разбојништво во Струмица

ДЕСК

Николоски:  Преку 350 милиони евра Владата инвестира во инфраструктурни проекти во општините, дополнително преку Светска банка инвестираме 25 милиони евра во изградба и рехабилитација на преку 100 километри локални улици низ општините

ДЕСК

СДСМ утре ја промовира „Скопска иницијатива“ на меѓународна конференција

ДЕСК