Centar.mk
СВЕТ

Макрон ќе се повлече од политиката кога ќе му заврши мандатот

Претседателот на Франција, Емануел Макрон изјави дека нема да се занимава со политика по истекот на неговиот мандат во 2027 година, кога ќе го напушти претседателското место по два мандати.

„Не се занимавав со политика пред претседателството и нема ни потоа“, рече Макрон.

Тој оцени дека најголем предизвик во последниот мандат е да се зачува постигнатото и истовремено да се продолжи со реформите, признавајќи дека дел од нив останале недовршени.

Макрон престојуваше во Никозија по повод неформален состанок на Европскиот совет, каде се сретна со кипарскиот лидер Никос Христодулидис./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

НОВА ТРАГЕДИЈА ВО ЈЕМЕН – Десетици загинати во воздушни напади во близина на Сана

ДЕСК

КРВАВ НАПАД ВО ПОЛСКА – Шестмина загинати и 15 повредени во пукање во Краков

ДЕСК

ИЗБОРНА ДРАМА ВО НОВ ЗЕЛАНД – Власта и опозицијата во тесна трка, помалите партии можат да одлучуваат

ДЕСК