Centar.mk
СВЕТ

Израел нарача муниција за авиони за 200 милиони долари

Израелското Министерство за одбрана денес објави дека нарачало уште 200 милиони долари муниција за авиони од компанијата за воена технологија „Елбит“.

Во соопштението се наведува дека нарачката за муниција за авиони, која е за неколку години што доаѓаат, е дел од „зајакнувањето на подготвеноста за краткорочни борбени сценарија“, како и подготовките за обезбедување безбедност во следната деценија, објавува „Тајмс оф Израел“.

Муницијата за авиони што беше нарачана се однесува на ракети и други бомби што ги користат авионите на израелските воздухопловни сили за напад и пресретнување.

Во јануари, сличен договор, вреден 183 милиони долари, беше потпишан помеѓу министерството и компанијата „Елбит“, која е со седиште во Израел, за муниција за авиони, објавува „Танјуг“./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Британски воени лекари со падобрани стигнаа на изолиран остров поради сомнеж за хантавирус

C +

Независни руски медиуми: Во војната во Украина загинале околу 352.000 руски војници

C +

Иран подготвува нов закон за премин низ Ормутскиот теснец

C +