Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Се судрија автомобил и мотоцикл во Скопје – едно лице однесено во Ургентен

На 19.04.2026 во 18:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.„Киро Фетак“ и сервисна улица во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Р.(34) од с.Трубарево, скопско и мотоцикл „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Г.И.(48) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Влада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 мај

ДЕСК

Филипче: Ги повикувам сите што знаат дека со оваа власт нема иднина да се приклучат во Фронтот

ДЕСК

Шест возачи лишени од слобода поради безобѕирно управување – тројца биле под дејство на алкохол, двајца предизвикале сообраќајни незгоди

ДЕСК