Centar.mk
Photo: Joyce N. Boghosian/the white house photo/flickr/ Licensed like United States government work / https://www.flickr.com/photos/whitehouse/55143896598/
СВЕТ

„Храбар и лојален сојузник“: Трамп го фали Израел, а индиректно ги напаѓа другите партнери

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го пофали Израел како голем сојузник, истовремено критикувајќи други, неименувани земји. Во објава на „Трут Соушл“, тој го опиша Израел како „храбар, одважен, лојален и паметен“ сојузник.

Додаде дека Израел по тоа јасно се разликува од „другите кои во момент на конфликт и притисок го покажаа своето вистинско лице“. Порача и дека Израел „жестоко војува“ и „знае како да победи“.

Иако не наведе конкретна држава, Трамп во повеќе наврати ги напаѓаше традиционалните американски сојузници. Вчера, во објава ја посочи Шпанија, чиј премиер Педро Санчез е меѓу погласните критичари на војната со Иран.

Тој напиша дека „финансиските показатели“ на Шпанија се „апсолутно ужасни“. Трамп претходно остро ја критикуваше и британската војска, како и премиерот Кир Стармер, за кого рече дека „не е Винстон Черчил“./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Хаос на уште еден луксузен крузер: повеќе од 100 патници и членови на екипажот заразени со норовирус

C +

Германските аеродроми предупредуваат: Можни масовни откажувања на летови и поскапи билети

C +

Бродот со хантавирус утре треба да пристигне на шпанскиот остров Тенерифе

C +