Centar.mk
фото: Кабинет на министерот за европски прашања
-МАКЕДОНИЈА

Првиот заменик-претседател на Владата Беким Сали ги презентираше можностите за инвестиции во Северна Македонија во Дизелдорф

Првиот заменик-претседател на Владата на Република Северна Македонија и министер за европски прашања, г. Беким Сали, учествуваше на панелот „Можности за странски инвестиции во Северна Македонија“, кој се одржа во Дизелдорф.

Во своето обраќање, Сали ја истакна Германија како најголем трговски партнер и еден од водечките инвеститори во земјата, потенцирајќи дека повеќе од 150 германски компании работат во Северна Македонија, вработувајќи над 22 илјади граѓани и придонесувајќи значително за економскиот развој.

Тој ја нагласи континуираната доверба на германските инвеститори, изразена преку зголемените инвестиции и реинвестиции, како и заложбата на Владата за создавање стабилна, конкурентна и предвидлива деловна средина.

Сали исто така посочи дека економската соработка со Германија оди паралелно со процесот на европска интеграција, при што беше реафирмирана целосната посветеност на Северна Македонија кон реформите и членството во Европската Унија.

фото: Кабинет на министерот за европски прашања

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Германските компании се партнери во трансформацијата на македонската економија

C +

Кузеска: Само ВМРО-ОКГ се богати, додека граѓаните едвај преживуваат

C +

Тошковски за денот на македонската полиција: Модернизација, реформи и бескомпромисна борба против криминалот, градиме модерна и професионална европска полиција

C +