Centar.mk
фото Собрание
МАКЕДОНИЈА

Димовска: транспарентност, дигитализација и безбедност на парламентите

Генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска учествува на Заседанието на Здружението на генерални секретари на парламенти (ЗГСП) што се одржува од 16 до 19 април 2026 година во Истанбул, Република Турција, во рамки на 152. Собрание на Интерпарламентарната унија.

На Заседанието на ЗГСП се одржаа тематски дискусии посветени на актуелни прашања од значење за функционирањето на парламентите, меѓу кои: улогата на парламентарната администрација во проценката на влијанието на законите, зајакнувањето на заштитата на парламентот како демократска институција, како и современите предизвици поврзани со организацијата на работата, дигитализацијата и модернизацијата на парламентарните служби.

На состанокот, Димовска ги презентира искуствата и тековните активности на Собранието во насока на зајакнување на институционалните капацитети, унапредување на безбедносните стандарди и развој на современи механизми за поддршка на законодавниот и надзорниот процес.

На првата генерална дебата беа разменети искуства за примена на постзаконодавен надзор, анализа на ефектите од законите и користење на податоци и современи алатки за подобрување на квалитетот на законодавството.

Посебен акцент беше ставен и на значењето на соработката со академските институции и користењето на нови технологии во процесот на евалуација на законите. Во контекст на Собранието, Димовска го истакна формирањето на специјализираното одделение за проценка на влијанието на регулативата и оценка на спроведувањето на регулативата. Ова претставува значајна структурна реформа насочена кон воведување на законодавство базирано на докази.

За време на втората генерална дебата за зајакнување на заштитата на парламентите како демократски институции, беа разгледани прашања поврзани со заштита на демократските процедури, институционалната автономија и безбедноста на парламентарните објекти. Димовска ги сподели тековните активности на Собранието во однос на реформата на безбедносните служби, чија цел е воспоставување современ систем кој ќе обезбеди безбедно, ефикасно и достоинствено работење на парламентот, притоа зачувувајќи ја неговата отвореност и транспарентност.

За време на Заседанието на ЗГСП, генералните секретари ја избраа Стиџит Таипибунсук, заменик-генерален секретар на Претставничкиот дом на Тајланд, за потпретседател на Здружението на генерални секретари на парламенти.
Учеството на вакви меѓународни форуми претставува значајна можност за размена на искуства, зајакнување на професионалната соработка и унапредување на капацитетите на парламентарните служби во насока на градење посилни и поотпорни демократски институции.

Здружението на генералните секретари на парламентите е консултативно тело на Интерпарламентарната унија, во кое членуваат генерални секретари на парламентите – членки на ИПУ. На состаноците на Здружението на генералните секретари, што се одвиваат паралелно со редовните собранија на ИПУ, се разменуваат мислења за стручни пра¬ша¬ња од работата на парламентите, при што членовите на Здружението под¬гот¬ву-ваат извештаи и излагања за одредени теми и расправаат за нив.

фото Собрание

Можеби ќе ве интересира

Средба на Сиљановска-Давкова во Анталија со претседателот на ТИКА, Ерен

ДЕСК

Новото законско решение за медицински средства носи европски стандарди и поефикасни постапки – ја повикуваме стручната јавност да се вклучи во консултативниот процес

ДЕСК

ЦАРИНАТА ПОКАЖА ФОТОГРАФИИ ОД ПРЕТРЕСОТ ВО ПОЗНАТА СКОПСКА МОБИЛАРА: Запленети скапи „Ејпл“ часовници заменети со евтини копии, оригиналите пронајдени при претрес на скопска мобилара, кривична пријава против осум лица

ДЕСК