Centar.mk
ЛОКАЛНО

ЗАПОЧНА ЗАТВОРАЊЕТО НА ВАРДАРИШТЕ: Од депонија до мега парк од 300.000 м²

– Започна процесот на одгасување на депонијата Вардариште, што претставува значаен чекор кон нејзино целосно затворање и трансформација во современ мега парк, соопшти Град Скопје.

– Во рамки на активностите, мапирани се 22 бунари за собирање на отпадните гасови, од кои ќе се земаат примероци за анализа во сертифицирани лаборатории, со цел утврдување на нивниот состав и количина. Паралелно се спроведува и темелно површинско расчистување на локацијата.

Со реализацијата на овој проект, Вардариште ќе стане зелен простор од околу 300.000 метри квадратни, наменет за рекреација, спорт и подобрување на квалитетот на животната средина.

Проектот предвидува и изградба на нов мост кој ќе ги поврзе општините Гази Баба и Аеродром, со што дополнително ќе се подобри сообраќајната поврзаност во градот, велат од Град Скопје.

Можеби ќе ве интересира

НА 29 МАЈ СО ПОСЕБНО РАБОТНО ВРЕМЕ: Водовод Скопје апелира да се користат електронските сервиси

ДЕСК

Герасимовски: Првото возило бесплатно, третото е луксуз – воведуваме ред во паркирањето во Центар

ДЕСК

БЛИСКУ ДО НАРОДОТ ВО КИСЕЛА ВОДА: Граѓаните ги споделија проблемите, институциите најавија решенија

ДЕСК