Centar.mk
СВЕТ

Мерц предупредува: Војната со Иран ќе има долготрајни економски последици

Германскиот канцелар, Фридрих Мерц, предупреди дека војната со Иран ќе има долготрајни последици врз глобалната економија и дека Германија се подготвува за значителен економски товар.

„Последиците од оваа војна ќе ги чувствуваме долго, дури и по нејзиниот крај“, изјави Мерц.

Тој додаде дека се очекува товарот да го почувствуваат и германската економија и домаќинствата.

Мерц изрази жалење за пропаѓањето на преговорите меѓу САД и Иран во Исламабад, наведувајќи дека не бил изненаден од исходот и дека дипломатско решение ќе бара време.

Воедно, посочи дека Германија разговара со американската администрација, со страните во конфликтот и со Израел./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

„Тој сè уште не го кажал последниот збор во политиката“ – Додиќ се огласи по поразот на Орбан

ДЕСК

Кина повикува на воздржаност по заканата на Трамп

C +

Трамп: Иран ги крши сите закони за Ормускиот теснец и не сака да се откаже од нуклеарно оружје

C +