Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Тешка сообраќајка во Скопје: Судир меѓу „голф“ и мопед – возач тешко повреден

На 09.04.2026 во 09:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Македонско – косовска бригада“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.А.(64) од с.Средно Коњари, скопско и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од М.З.(60) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.З., констатирани во ЈЗУ „Св.Наум Охридски“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Врие бугарски пасоши во Владата на Мицкоски – ново признание на ВМРО-ОКГ

ДЕСК

Филипче: Пензионерите, работниците и младите се излажани и оставени сами во криза

ДЕСК

Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК