Centar.mk
фото Влада
-МАКЕДОНИЈА

СВР Струмица со акција: Службено куче откри марихуана, уапсен 22-годишник

На 09.04.2026 во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш го лишија од слобода А.Г.(22) од Радовиш. Имено, истиот ден полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш и полициски службеник-водач на службено куче од Регионален центар за гранични работи Исток извршија пребарување на простор околу поранешна винарска визба на ул.„Чеде Филиповски Даме“ во Радовиш, при што службеното куче пронајде две пакувања со марихуана.

По преземените мерки дојдено е до сознание дека марихуаната ја сокрил А.Г., кој во службен разговор признал дека е негова.

Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Пожар кај Струга: Запалена сува трева покрај пат – лице повикано на разговор

ДЕСК

Шок во Карпош: Девојка нападната од повеќе лица со тврд предмет – голема женска пресметка во главниот град

ДЕСК

Инцидент во Скопје: Малолетник ограбен од две лица

ДЕСК