Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Се вклучил алармот од лифтовите,а сите врати биле отворени, потоа следела драма – пронајден починат маж во Скопје, наредена е обдукција

На 09.04.2026 во 13:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека во продажен објект на приватна фирма на подрачјето на Бит Пазар е пронајден починат А.С.(65) од Скопје. Полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар излегле на местото и во разговор со нив вработениот Б.С.(28) од Скопје изјавил дека А.С. дошол во објектот да ги посети.

Според пријавеното, откако вработениот се качил службено на петтиот кат од објектот го известил А.С. дека лифтот не работи, а симнувајќи се надолу слушнал дека се вклучил алармот од лифтот затоа што вратите од лифтот на сите катови биле отворени.

После тоа, на приземјето во делот на лифтот го пронашол на подот А.С.. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.

Можеби ќе ве интересира

ПЕТ ПРИЈАВИ ЗА НАСИЛСТВО ВРЗ ЖЕНИ – Во едно деноноќие пријавени демнење, закани и напади

ДЕСК

ОД УТРЕ ПОВТОРНО ДОЖД – Промена на времето, на планините можен слаб снег

ДЕСК

ТРИ ИЛЈАДИ СТУДЕНТСКИ СТИПЕНДИИ – Рокот за пријавување истекува на 20 ноември

ДЕСК