Пакистанскиот министер за одбрана, Хаваџа Асиф, избриша објава на Икс во која го нарече Израел „зло и проклетство врз човештвото“.
„Додека во Исламабад се водат мировни преговори, во Либан се спроведува геноцид. Израел убива невини цивили, прво во Газа, потоа во Иран, а сега во Либан, крвопролевањето продолжува со несмалена сила. Се надевам и се молам луѓето што ја создадоа оваа канцерогена држава на палестинска земја за да се ослободат од европските Евреи да горат во пеколот“, се вели во контроверзната објава.
Објавата предизвика остри реакции од Израелците, кои рекоа дека ја доведува во прашање способноста на Пакистан да посредува меѓу САД и Иран.
Канцеларијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху одговори на изјавите на Асиф велејќи дека неговиот „повик за уништување на Израел е шокантен“. „Ова не е изјава што може да ја толерира која било влада, особено не онаа што тврди дека е неутрален посредник за мир“, соопшти канцеларијата на Нетанјаху.
Израелскиот министер за надворешни работи, Гидеон Саар, ја осуди „бесрамната антисемитска клевета за крвава жртва од страна на влада која тврди дека е посредник за мир“, додавајќи, во согласност со кабинетот на премиерот, дека „нарекувањето на еврејската држава „канцерогена“ всушност е повик за нејзино уништување“.
„Израел ќе се брани од терористи кои се колнат дека ќе ја уништат“, рече Саар./Извор:Makfax
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


