Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Утринските температури ќе бидат значително ниски и на повеќе места ќе се спуштат под нула степени, при што најстудено ќе биде во источните и западните делови, со вредности и до -2°C.
Во текот на денот се очекува постепено затоплување, па максималните температури ќе се движат од околу 10°C во западните делови до дури 20°C во југоисточните региони. Во централните делови температурите ќе достигнат околу 18°C, додека во јужните околу 15–16°C.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


