Либанскиот премиер Навах Салам го прогласи четврток за ден на национална жалост по серијата израелски напади во среда, во кои, според различни извори, загинаа околу 200 лица.
Четврток ќе биде „ден на национална жалост за мачениците и ранетите во израелските напади чија цел беа стотици невини и беспомошни цивили“, рече Салам во соопштението.
Израел ги изврши своите најтешки напади врз Либан од почетокот на непријателствата со Хезболах минатиот месец, при што во среда загинаа повеќе од 250 луѓе, според агенцијата за цивилна одбрана.
Вкупно 254 лица беа убиени, а повеќе од 1.100 беа ранети низ Либан, соопшти агенцијата за цивилна одбрана. Најголем број жртви имаше во Бејрут, каде што беа убиени 91 лице.
Министерството за здравство објави 182 смртни случаи низ целата земја, но рече дека тоа не е конечниот број.
Според неговата канцеларија, либанскиот премиер сака да „мобилизира сите политички и дипломатски ресурси во Либан за да ја запре израелската машина за убивање“./Извор:Makfax
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


