Centar.mk
СВЕТ

Ли: Јужна Кореја и Франција договорија соработка за безбеден премин низ Ормускиот теснец

Јужнокорејскиот претседател Ли Џе Мјунг денес изјави дека е постигнат договор со францускиот претседател Емануел Макрон за заедничка работа за обезбедување безбеден премин низ Ормускиот теснец и намалување на влијанието на војната на Блискиот Исток.

За време на самитот во Сеул, Ли изрази загриженост поради неизвесноста во глобалните синџири за снабдување со енергија и нагласи дека двете земји ќе ги координираат економските и енергетските политики, објави Џонхап.

„Претседателот Макрон и јас се согласивме да работиме заедно за да ја намалиме неизвесноста во глобалната економија“, рече Ли./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Иран тврди дека соборил американски авион

C +

Хакерски напад врз ЕУ: Украдени податоци од десетици институции објавени на dark web

C +

Американски разузнавачки информации: Иран сè уште има значаен арсенал, може да предизвика хаос

C +