Иранската Револуционерна гарда тврди дека соборила американски борбен авион над централниот дел на земјата, пренесе Index, повикувајќи се на агенциите Фарс и Мехр.
Според нивните наводи, леталото било целосно уништено, а нема информации за судбината на пилотот.
Дел од воените аналитичари на социјалните мрежи посочуваат дека можеби станува збор за авион F-15E, а не F-35.
Во меѓувреме, на социјалните мрежи се појавиле снимки од американски авиони C-130 и хеликоптери UH-60 кои изведуваат операции за пребарување и спасување над јужен Иран.
Од Вашингтон засега нема официјален коментар за тврдењата./Извор:Makfax
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


