Centar.mk
БИЗНИС

Голем пораст на цените за недвижнини во Хрватска

Цените на станбените објекти во Хрватска во 2025 година пораснале во просек за 14,1% во однос на претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика, пренесе Хина.

Новите станови поскапеле за 13,1%, додека постојните за 14,3%.

Регионално, цените во Загреб пораснале за 14,2%, на Јадранот за 11,8%, а на останатите подрачја најмногу – за 19,3%.

Растот продолжил и во последниот квартал од 2025 година, кога цените на годишно ниво се зголемиле за 16,1%, при што најголем скок повторно е забележан надвор од главниот град./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ДРЖАВАТА ДЕЛИ НОВА ТУРА ВАУЧЕРИ ЗА ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ И ДО 83.000 ДЕНАРИ: Познато е кој и како може да аплицира за бесплатен клима уред

ДЕСК

Над 1 милијарда денари исплатени за овчарството

C +

Самсунг (“Samsung”) ја задржа лидерската позиција на глобалниот пазар на гејминг монитори седма година по ред

ДЕСК