Centar.mk
СВЕТ

САД: Американци, веднаш напуштете го Ирак

Американската амбасада во Ирак ги повика американските граѓани да ја напуштат земјата поради закана од напади во Багдад. Во предупредувањето се вели дека „милиции поврзани со Иран“ би можеле да извршат напади во центарот на градот во рок од 24 до 48 часа.

Целите би можеле да вклучуваат американски граѓани, бизниси, универзитети, дипломатски мисии, енергетска инфраструктура, хотели и аеродроми, како и ирачки институции и цивилни цели.

Амбасадата додаде дека редовните конзуларни услуги се суспендирани и ги повика американските граѓани „веднаш да го напуштат Ирак“./Извор:Мakfax

Можеби ќе ве интересира

РУСКИ И УКРАИНСКИ ПРЕТСТАВНИЦИ ВО БЕЛАТА КУЌА – Меланија Трамп разговараше за хуманитарната операција во Олешки

ДЕСК

ПОЛИТИЧКА КРИЗА ВО ПАРАГВАЈ – Пења најави оставка по потресот со банката „Уено“

ДЕСК

СРЕДБА ВО КРЕМЉ – Путин го прими иранскиот функционер Резаи

ДЕСК