Centar.mk
фото Собрание
-МАКЕДОНИЈА

Претседателот на Собранието Африм Гаши и Народниот правобранител Фатон Сељами потпишаа Меморандум за соработка

Денеска во Собранието на Република Северна Македонија, претседателот на Собранието, Африм Гаши, и Народниот правобранител, Фатон Сељами, потпишаа Меморандум за соработка меѓу Собранието на Република Северна Македонија и институцијата Народен правобранител.
Со Меморандумот се воспоставува рамка за унапредување на меѓуинституционалната соработка во насока на поефикасна заштита и почитување на човековите права и слободи, јакнење на владеењето на правото, како и унапредување на механизмите на парламентарниот надзор.

Целта на оваа соработка е да придонесе кон подобрување на законодавната рамка во согласност со меѓународните стандарди за човекови права, поефикасно разгледување на извештаите и препораките на Народниот правобранител, како и поттикнување на поголема транспарентност, отчетност и институционална одговорност.

Меморандумот предвидува двете институции да соработуваат преку размена на информации и мислења, организирање заеднички активности и координација за прашања што се од значење за остварувањето и заштитата на правата на граѓаните, особено на ранливите категории. Воедно, соработката треба да овозможи посистемско следење на спроведувањето на препораките на Народниот правобранител и натамошно јакнење на демократските и институционалните капацитети.

Со потпишувањето на овој Меморандум, Собранието и Народниот правобранител ја потврдуваат заедничката определба за градење поодговорни, поотворени и поефикасни институции, во служба на граѓаните и заштитата на нивните уставни и законски права.

фото Собрание

Можеби ќе ве интересира

Одлична можност за младите македонски граѓани кои сакаат да стапат во служба на Армијата, објавен е новиот Јавен оглас за прием на 300 професионални војници

ДЕСК

Мицкоски: Инвестицијата во далекуводот Битола-Елбасан значи спасен проект од сигурно пропаѓање

ДЕСК

Започна процесот на ко-креирање на новиот Национален акциски план за Партнерство за отворена власт 2026–2028

ДЕСК