Centar.mk
СВЕТ

Папата Лав: Живееме во мрачен час од историјата

Светот моментално е во „мрачен час“ од историјата, изјави денес папата Лав Четиринаесетти, за време на мисата за мир во базиликата „Свети Петар“ во Ватикан.

Папата рече дека „во свет кој е растргнат меѓу силите што го уништуваат, постои нов народ, кој не е жртва, туку сведоци“, пренесува „Анса“.

„Во овој мрачен час од историјата, бог со задоволство нè повика да го шириме мирисот на Христос таму каде што владее смрдеата на смртта. Да го обновиме нашето „да“ за оваа мисија, која повикува на единство и носи мир“, рече папата.

Тој рече дека „на овој начин, империјалистичката окупација на светот е скршена одвнатре“, и дека „насилството што досега беше закон е разоткриено“, пренесува Танјуг./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ВО РИМ ЧАДОРИТЕ СЕ КОРИСТАТ И КОГА НЕ ВРНЕ – Необичен проблем со птиците

ДЕСК

МЕЛОНИ СО СЕРИОЗНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ – Војната не смее да се прошири кон Медитеранот

ДЕСК

ИЗРАЕЛ ПРЕД ГОЛЕМА ПОЛИТИЧКА ПРОМЕНА – Ајзенкот чекор поблиску до нова влада

ДЕСК