Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и неговата сопруга донираа реквизити за сензорна соба во градинката „8 Март“ во општина Кисела Вода. Оваа донација ќе ја олесни комуникацијата, концентрацијата и емоционалната регулација на децата, создавајќи прифатлива и смирувачка средина за нивниот развој.
Градоначалникот и неговата сопруга им се заблагодарија на Мартина и на тимот кои долго и посветено го организираа проектот. Вложувањата во сензорни простории придонесуваат за развојот на когнитивните и социјалните вештини на децата, нивната самостојност и можноста за активно вклучување во општеството. Орце Ѓорѓиевски и неговата сопруга го потврдуваат своето продолжено залагање за еднакви услови и инклузија за сите граѓани на кои им е потребно.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


