Centar.mk
ПРОМОБИЗНИС

МФ: Извршен поврат на солидарен данок од 1,219 милијарди денари кон 119 компании

Близу 20 милиони евра досега се вратени кон 119 компании, кои во текот на 2023 година уплатија средства во Буџетот согласно Законот за данок на солидарност.

Министерсвото за финансии согласно утврдениот модел, од минатата недела започна со исплата на првиот дел од уплатените средства во Буџетот и досега се вратени вкупно 1,219 милијарди денари.

Компаниите во текот на 2023 година уплатија во Буџетот 3 милијарди денари согласно усвоеното законско решение во Собранието. По поништување на Законот од страна на Уставниот суд, државата имаше обврска да ги врати средствата. Во рамки на транспарентна постапка, заедно со компаниите беше утврден модел за враќање на средствата во два дела кои што ќе се реализираат во март 2026 и март 2027 година.

Повратот на средствата се врши врз основа на доставено барање од страна на компаниите до Управата за јавни приходи, а врз основа на донесен Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за формата и содржината на образецот на барањето за враќање на повеќе или погрешно наплатен данок.

Можеби ќе ве интересира

Уделот на Самсунг (“Samsung“) премиум смартфоните расте во Европа: Galaxy S26 Ultra е на водечката позиција

ДЕСК

Wizz Air најавува отворен ден за пилоти за својата база во Скопје

ДЕСК

„Алкалоид“ одликуван со плакета за најдолго котирано акционерско друштво на Македонската берза

ДЕСК