Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека САД ќе се повлечат од Иран за „две или три недели“. Тој ја даде изјавата во Овалната соба како одговор на новинарско прашање за реакцијата на пазарот на војната, а откако детално зборуваше за плановите за изградба на балска сала во Белата куќа, објави Скај њуз.
Трамп со тоа ги потврди своите претходни изјави за Ен-би-си Њуз, велејќи дека САД „многу брзо ќе го напуштат Иран“, а потоа прецизираше дека тоа ќе се случи за „две или три недели“. Тој предвидува дека цените „нагло ќе паднат“ по повлекувањето на американските сили.
Целта на војната е постигната
Претседателот нагласи дека главната цел на војната била да се спречи Техеран да развива нуклеарно оружје. „Го постигнавме тоа“, рече тој. „Сега ја завршуваме работата. Мислам дека ќе ја завршиме за две недели, можеби уште еден или два дена. Сакаме да уништиме сè што имаат“.
Иако спомена дека пред повлекувањето е можен „договор“ меѓу Вашингтон и Техеран, Трамп ја намали важноста на преговорите. „Не е важно дури ни дали ќе седнат на преговарачка маса. Ги вративме 15 до 20 години назад. Тие немаат морнарица, армија или воздухопловни сили“, рече тој. „Тие останаа без лидерство.“/Извор:Мakfax
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


